Вкусно старо македонско јадење- „Македонско грне“
- rubinirubin
- Jan 10, 2020
- 1 min read

Уште едно вкусно старо македонско јадење кое се подготвува со јагнешко или јунешко месо. Покрај месото и кромидот неизоставни се доматите, белото вино и зачини… Потребно е: 1 кг јагнешко или јунешко месо 2 главици кромид 80 мл масло 1 лажица мелен сув зачин сол, бибер 250 г домати 1 лута пиперка 3 млади кромидчиња 300 мл бело вино Подготовка: – Месото исечете го на коцки, а кромидот ситно исецкајте го. Пропржете ги малку на загреано масло. – Кога месото малку ќе омекне додадете ги доматите исецкани на коцкички и ситно сецканата лута пиперка. Динстајте на средна тепература додека месото сосема не омекне. – Додадете го сецканиот млад кромид, виното и водата и уште малку варете го јадењето. Идеја: По желба македонското грне послужете го со јуфки или њоки како гарнир.
Comments