
Празничната трпеза не може да се замисли без варени јајца. Овој рецепт е наш предлог.
Состојки:
8 јајца
1 конзерва туна
5 лажици крем-сирење
1 лажица мајонез
Млад лук
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги јајцата и исечете ги на половина. Извадете ги жолтките и изгмечете ги со крем-сирење и мајонез. Посолете по вкус. Додајте туна и исецкан млад лук. Наполнете ги јајцата и декорирајте со магдонос.
Comments