top of page

Вкусни пирошки: Фантастичен оброк за целото семејство

  • rubinirubin
  • Dec 20, 2022
  • 1 min read

Можете да ги направите за појадок или вечера, идеално е да ги послужите со чаша јогурт или кисело млеко.

Состојки потребни за тестото:

500 гр брашно1 кесичка сув квасец1 јајце250 мл млеко1 лажичка сол1 лажичка шеќерЗа полнење:

3 лажици кисела павлака3 лажици кечап100 гр кашкавал100 гр шунка

Подготовка:

Во топло млеко додадете ги шеќерот и квасецот и оставете ја смесата да нарасне. Во сад измешајте ги јајцето, солта, квасецот и брашното, а потоа замесете тесто. Тестото треба да биде мазно и одвоено од тавата. Оставете го на топло место да „отстои“ околу 15 минути. Потоа измешајте го и развлечете го во правоаголник. Поделете го на помали еднакви правоаголници, се препорачува да бидат 10. На секој дел нанесете малку павлака, кечап, па ставете рендан кашкавал и шунка. Затворете ја пирошката, за да не истече филот при пржењето. Загрејте го маслото, па пржете ги пирошките на умерена температура додека не поруменат. Ставете ги на салфетка да се исцеди вишокот масло и послужете ги додека се топли.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page