top of page

Вкусни коцки од јагода



Потребно е: 6 жолчки 6 лажици шеќер 6 лажици млеко 6 лажици масло 6 лажици брашно 1 прашок за печиво 3 лажици какао во прав за филот: 750 г млеко 250 г шеќер 3 пудинзи од јагода 6 белки 9 лажици шеќер 1 кесичка ванилин шеќер околу 600 г јагоди 2 шлаг-креми од јагода Подготовка: – Изматете ги жолчките со шеќерот, млекото, маслото, какаото, брашното и прашокот за печиво. Оваа смеса сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени. – Проверете дали е печен колачот со чепкалка за заби. Кога ќе го боцнете колачот во рерна со чепкалката, ако ја извадите сува од колачот, тоа значи дека колачот е печен и извадете ја тавата од рерна. – Од млекото, шеќерот и пудинзите од јагода подгответе пудинг. – Во еден сад со миксер изматете ги белките со 8 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер во цврсто шне. – Шнето додадете го во врелиот пудинг и изматете го убаво со електричен миксер за да ги соедините состојките. Оставете да се излади. – Јагодите исечкајте ги ситно и додадете ги во горната изладена смеса. Вака подготвениот фил прелијте го преку кората и распоредете го еднакво. – Изматете две шлаг-креми од јагода и нанесете ги најодозгора на колачот. – Украсете по желба.

 

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page