top of page

Вкусна и мека: Штрудла со џем

Лесно се прави

СОСТОЈКИ:

За тестото:

500 гр брашно (тип 500)250 мл млеко100 мл масло2 јајца1/2 коцка свеж квасец (25 g)1/2 лажичка сол5 лажички шеќер

Фил:

џем (по желба)

За премачкување на ролатите:

1 жолчка од јајценеколку капки масло

ПОДГОТОВКА

Квасецот се промешува во 250 мл млако млеко и се додава една лажица шеќер, па се остава да стаса околу 15 минути. Во брашното додадете го преостанатиот квасец, јајцата, маслото, шеќерот и солта. Замесете мазно тесто.

Можете да го измешате со додатоци за тесто со помош на миксер. На малку набрашнета површина размесете го соединетото тесто уште малку.

Тестото поделете го на два дела (две јуфки), покријте го со крпа и оставете 45 минути да нарасне.

Расукајте ги јуфките колку што можете потенко, а потоа намачкајте го џемот по целата површина на тестото. Свиткајте во ролна и наредете во подмачкана тава. Ролатите премачкајте ги со жолчка и ставете неколку капки масло во неа. Се пече околу 45 минути на температура од 200 степени.

Готовата штрудла посипете ја со малку вода, покријте ја и оставете малку да се излади. Ролатите поросете ги со шеќер во прав и послужете ги топли.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page