top of page

Вкусен ручек: Пилешко со кашкавал и зеленчук


Подгответе и уживајте во вкусно пилешко со кашкавал и зеленчук.

Состојки:

– 1 кг. пилешко (или цело пиле) – 1 комплет за супа – 2 чешниња лук – 400 гр. шампињони – 2 дл. бело вино – 1/2 кромид – 2 кромиди за печурките – 1 чаша-200 мл кисела павлака – 100-150 гр. кашкавал – сол, бибер, ловоров лист

Подготовка:

Пилешкото варете го со комплетот од зеленчук за супа. Додадете половина кромид и лукот исецкан на кришки. Сварете како супа.

Исецкајте ги шампињоните. Двата кромиди ситно исецкани динстајте ги на масло. Потоа додадете ги печурките и тоа сето запржете го додека да испари течноста од печурките.

Пилешкото од супата исчистете го од коски и исетнете го на жилиен парчиња.

Во пржените шампињони додадете ги павлаката и пилешкото месо и сето тоа измешајте го. Зачинете со сол и бибер, додадете вино по вкус и ловоров лист.

Изрендајте кашкавал и пече се заедно во рерна на 180 степени, да испари виното, а кашкавалот да се стопи. Доволни се околу 25-30 минути.

 

Comentários


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page