
Овој вкусен оброк е готов за 45 минути. Така, ќе имате време да се посветите на своето семејство или да се одморите.
Потребни состојки:
300 гр. пилешко
1 кг компири
1 дл. масло
1 морков
1 домат
250 мл. доматно пире
2 главици црн лук
1 пиперка
магдонос
мелен бибер
сол
Начин на подготовка
На загреано масло испржете го ситно исецканиот лук, додајте го морковот исечен на кругчиња, пиперката, месото и посолете по вкус. Потоа додајте пола чаша вода и мешајте со долевање на вода. Кога месото е половина сварено, додајте го доматното пире, компирот и доматот исечени на коцки, додајте половина литар вода и заедно гответе додека не биде готово.
Сварениот паприкаш тргнете го од оган, а на крај додадете магдонос и бибер.
Comments