Вкусен десерт: Комбинација на плазма и бајадера
- rubinirubin
- Nov 9, 2021
- 1 min read

Направете бајадера со плазма, совршена комбинација, а толку лесен и вкусен десерт.
СОСТОЈКИ:
3 јајца
300 гр. шеќер
200 гр. лешник карамела
1 маргарин
300 гр. мелена плазма
100 гр. чоколадо за горе
5 лажици масло
ПОДГОТОВКА:
Се варат јајцата и шеќерот на пареа додека не се стопи шеќерот.
Се додаваат карамелите потоа.
Се додава маргарин кога ќе се стопат, па се става и мелена плазма.
Се става во намастен плех и се остава да се стегне.
Се топи чоколадо со масло и се става горе смесата.Се лади и се сечат штанглици.
Comments