
Ви се највиле гости, а немате многу време да припремите нешто вкусно? Имаме супер решение за вас. Сега може да направите чоколадна торта за 5 минути!
Не ви се верува? Погледнете го видето и следете ги инструкциите.
Состојки:
¼ чаша брашно
2 лажици шеќер
2 лажици какао
1 јајце
3 лажици млеко
3 лажици масло
Подготовка:
Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот и какаото. Измешајте ги убаво.
Потоа во садот додајте ги млекото, јајцето и маслото, и добро измешајте ја смесата за да се изедначат состојките.
Чоколадната смеса ставете ја во намрсен керамички сад, а потоа печете ја во микробранова печка за време од 3 до 4 минути. Чоколадната торта извадете ја од микробрановата печка и проверете дали е печена со помош на чепкалка. Потоа, извадете ја од керамичкиот сад и ставете ја на чинија за служење.
По желба печената чоколадна торта за 5 минути премачкајте ја со растопено чоколадо, мармалад, чоколаден прелив или наросете ја со шеќер во прав. На здравје!
Comments