top of page

ВАКВИ ТЕСТЕНИНИ ДОСЕГА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ

  • rubinirubin
  • May 17, 2022
  • 1 min read

Доколку сакате оброци кои се подготвуваат брзо, ви предлагаме да ја пробате оваа вкусна паста.

Оваа зачинета паста е апсолутен хит на Тикток, но има и преку 3 милиони прегледи на YouTube.

Состојки:

макарони по желба

За лутиот сос:

1/2 ситно сечкан кромид 1 лажица мелено лук 2-3 лажици маслиново масло 6-7 лажици кисела павлака за готвење 3 лажици доматно пире 1 лажичка мелен пипер 1/2 лажичка пиперка во прав 1/4 лажичка чили во прав сол по вкус 1/2 лажичка шеќер 1/2 лажица путер 2 лажици рендано сирење 2-3 свежо сечкани листови босилек

Подготовка:

Сварете ги макароните, а во тавче пропржете го белиот лук, а потоа додадете го кромидот. Потоа истурете доматно пире, зачинете и додадете шеќер. Се динста кратко, па се додава павлаката за готвење. Повремено мешајте и динстајте, па додадете путер. Кога ќе се растопи, истурете чаша вода, но онаа во која се варени тестенините. На крај додадете ги макароните и ренданото сирење и убаво измешајте. Украсете со сечкан босилек.



Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page