top of page

Вакви макарони не сте пробале, тајната е во една состојка

  • rubinirubin
  • Jul 31, 2022
  • 1 min read

Ако ја сакате италијанската кујна тогаш самите подгответе макарони со чедар.

Состојки: две лажици масло две лажици путер три лажици брашно чаша ипол млеко три чаши рендан кашкавал малку мускатен орев 500 гр. макарони makarona сол и бибер

Подготовка:

Макароните сварете ги во солена вода. Во загреано тавче стопете ги маслото и путерот, па додадете брашно и мешајте три минути.

Постепено додавајте го млекото со постојано мешање. Кога ќе почне да врие, додадете го чедарот, сол и бибер. Зачинете со мускатен орев и мешајте додека не се стопи.

Претходно сварените и исцедени макарони соединете ги со сосот. Префрлете ги макароните во тава и печете во загреана рерна на 200 степени околу десет минути.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page