top of page

Вака се прават најдобрите пржени лепчиња: Златни трикови на професионалните готвачи

  • rubinirubin
  • Dec 13, 2022
  • 1 min read

Колку пати сте појадувале пржени лепчиња, но не ви излегле баш најдобро? За да бидат вкусни, потребно е да бидат крцкави на рабовите, но меки во средината, не треба да бидат премногу масни или да загорат.

Некогаш се случува и пократко да ги оставите да се пржат, па ќе останат живи. Трикот е во тоа да знаете како да го исечете лебот и да ја приготвите смесата.

Професионалните готвачи откриваат тајна како да направите совршени пржени лепчиња:

– Кога го сечете лебот, мора да водите грижа парчињата да не бидат тенки, туку со дебелина од околу 1,5 центиметар. Задолжително е лебот да биде бајат, инаку нема да излезат добри.

– Никако немојте да ги пржите на путер, туку користете масло. Правилната мерка за смесата е 1/4 шолја млеко и едно јајце на 2 парчиња леб.

– Ако сакате да го збогатите вкусот на пржените лепчиња, додајте зачини како што се црн бибер, ким или пармезан, а ако ги правите слатки, циметот или ванилиниот шеќер се задолжителни.

– Маслото мора да биде добро загреано и задолжително вртете ги во текот на пржењето.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page