Брз колач со јаболки
- rubinirubin
- Jul 30, 2022
- 1 min read

Состојки:
3 јајца прстофат сол 100 гр шеќер 1 ванилин шеќер 180 гр павлака 150 мл масло 110 гр брашно 1 прашок за печиво 4 јаболки половина лимон 4 лажици џем по избор
Подготовка:
Јајцата, солта, шеќерот и ванилиниот шеќер добро измешајте ги, додадете јогурт и масло, добро измешајте, на крајот додадете го просеаното брашно со прашок за печиво, се добро соединете.
Округлиот калап за печење обложете го со хартија за печење, истурете ја мешавината и порамнете. Јаболките преполовете ги, излупете ја кората и извадете ги семките, засечете го секое јаболче како “лепеза”, но не до крај. На работ од бисквитот поредете ги јаболките и посипете ги со лимонов сок за да не потемнат. Печете 20 минути на 180 степени. Кога е испечен, премачкајте го со џем и вратете го во рерната на 2 минути. Добро оладете го колачот, исечете го и послужете.
Comments