top of page

Брзо се подготвува, а ќе ви стане омилен: Превкусен куглов со костени

  • rubinirubin
  • Mar 27, 2020
  • 1 min read


Овој колач брзо се подготвува, а е неверојатно вкусен и ароматичен.

Потребно е:

125 г путер 150 г шеќер 3 јајца 200 г брашно 50 г мелени бадеми 200 мл млеко 150 мл слатка павлака 200 г костени 1 ванилин шеќер 1 прашок за пециво 1 лажиче цимет 50 г сецкано чоколадо

За украсување:

100 г чоколадо за готвење 2 лажици слатка павлака

Подготовка:

– Костените сварете ги, исчитете им ја внатрешноста и испасирајте ги.

– Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.

– Млекото измешајте го со пирето од костени и на крај додадете ја слатката павлака.

– Пенесто изматете го путерот со шеќерот и постепено додавајте едно по едно јаце со постојано матење. Потоа во оваа смеса додадете ги сите суви состојки, а потоа и мешавината со млеко и пире од костени и измешајте со лажица.

– Калапот за куглов намастете го убаво со путер и посипете го со малку брашно. Сипете ја горната смеса во калапот одозгора посипете ја со сецкано чоколадо.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути, но најдобро е по 40 минути да проверите со чепкалка за заби дали е печен.

– Готовиот куглов полијте го со растопено чоколадо со две лажици слатка павлака во него и по желба да го посипете со крупен шеќер.

Commentaires


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page