top of page

Брзи „полжавчиња“ со сирење и шунка: Рецепт за сласно печиво кое веднаш ќе исчезне од чинијата

  • rubinirubin
  • Sep 14, 2021
  • 0 min read

ree

Фино печиво е прекрасен избор за доручек, а доколку е полнето со шунка и сирење тогаш само по себе е неверојатно.

Ви го претставуваме рецептот за едноставни полжавчиња полнети со шунка и сирење кои што се приготвуваат брзо.

Состојки:

– 30 декаграми брашно; – 1 кисело млеко; – 5 декаграми путер; – 2 мали лажички прашок за печиво; – 3 грама сол; – 10 грама шунка; – 15 декаграми сирење; – малку бибер, чили и друг зачин; – 1 мал сирен намаз; – 1 јајце за премачкување.

Подготовка:

1. Сирењето и шунката исечете ги на мали парченца.

2. Стопете го путерот, па оставете го малку да се излади. Брашното и прашокот за печиво ставете ги во еден сад. Додадете сол, кисело млеко и стопениот путер, па замесете го тестото.

3. Развлечете го тестото на подлога која што претходно сте ја намачкале со брашно. Тестото премачкајте го со намазот, па врз него ставете бибер и чили или пак некој зачин по ваша желба. Сирењето и шунката распоредете ги рамномерно по тестото.

4. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени Целзиусови. Ролајте го тестото во форма на ролат. Со остар нож исечете го ролатот на парчиња со дебелина околу 3 центиметри. Ставете ги полжавчињата на плех за печење кој што е обложен со хартија за печење, а доколку немате хартија премачкајте го плехот со путер или масло за јадење.


 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page