top of page

Брза, едноставна и вкусна манастирската пита

  • rubinirubin
  • Oct 10, 2021
  • 1 min read

Лесна за подготовка, брза и ефтина, оваа пита може да се најде на вашето мени дури и кога не постите.

Состојки: 100 гр шеќер 6 лажици џем од кајсија пола шолја сецкани ораси, урми и суво грозје 500 мл млака вода сок и рендана кора од портокал 500 гр брашно 1/2 лажици прашок за пециво рендана кора од лимон 1 лажица сода бикарбона 1/2 лажичка цимет кристал шеќер и мелени ораси за декорирање

Подготовка: Вклучете ја рерната веднаш да се загрее на 180 степени. Ставете брашно, прашок за пециво и сода бикарбона во подлабок сад, и измешајте сè добро да се соедини. Потоа додадете суво овошје, рендана кора од лимон и портокал, џем, цимет и кајсија, сок од портокал и вода и сè добро измешајте го.

Со хартија за печење обложете кружен калап со пречник 28 см, истурете ја смесата за пита и израмнете ја со лажица. Печете околу 30 минути.

Изладената торта исечете ја на парчиња, посипете ја со шеќер или мелени ореви и уживајте!

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page