top of page

Болничката ВМА диета симнува меѓу 7 и 15 килограми за 2 недели- еве што точно треба да јадете

  • rubinirubin
  • Feb 3, 2020
  • 3 min read



ВМА режимот на исхрана е прилагоден дури и за оние со здравствени тегоби. Овој режим на исхрана го препорачуваат лекари и претставува најдобар избор доколку сакате да го излекувате целулитот. За разлика од другите нискокалорични режими, овде нема последични реакции како што се потешкотии со памтењето и одржување на концентрација, чувство на слабост, поспаност, претерана раздразливост и сл. Резултатите се видливи веќе после неколку денови и се препорачува да се придржувате на сите правила. Тоа ќе ви овозможи побрз метаболизам и согорување на масти, со што оваа болничка диета спречува појава на јо-јо ефект. ПРВ ДЕН Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај (без засладувач). Ручек: 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака, 1 двопек, 1 портокал. Наместо павлака можете да јадете кисело млеко или јогурт. Вечера: 1 до 2 двопек, 2 варени јајца, 1 домат и 1 краставица. ВТОР ДЕН Појадок: 1 портокал, 1 двопек, шолја кафе или чај (без засладувач) Ручек: 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака, 2 парчиња двопек, 1 портокал. Вечера: 1 двопек, 125 г мелено јунешко месо испржено или издинстано со многу малку масло. Еден домат и еден портокал. ТРЕТ ДЕН Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај (без засладувач). Ручек: 1 варено јајце, 2 лажици кисела павлака (или кисело млеко), 1 свежа краставица, 1 портокал. Вечера: 1 двопек, 125 г мелено јунешко месо испржено или динстано на многу малку масло. Шолја кафе или чај без шеќер и 1 портокал. ЧЕТВРТ ДЕН Појадокот е ист, значи изедете прво еден портокал, 1 двопек и на крај испијте една шолја кафе или чај без засладувач. Доколку сте се заситиле со двопекот, а сакате некое друго печиво, слободно можете да го замените со 4 крекери, но обратете внимание да не бидат солени. Ручек: 1 парче двопек, 125 г младо кравјо сирење и 1 домат. Вечера: 2 парчиња двопек (или 8 крекери), 125 г мелено месо и 2 свежи домати. ПЕТТИ ДЕН Појадок: 1 портокал, 1 двопек, шолја кафе или чај без засладувач. Ручек: 200 г варено јунешко месо без сол, како зачин можете да користите малку соја сос, едно парче двопек и 1 свеж домат. Вечера: 1 тврдо варено јајце и 500 г варен зеленчук. После петииот ден се враќате на првиот и така се до петнаесеттиот. Доколу сакате да изгубите уште телесна маса, можете да продолжите до осумнаесеттиот ден. После тоа, ќе бидете полесни дури и за 15 килограми, а притоа ќе се чувствувате феноменално и витално. Еднодневна диета со ВМА за одржување на телесната тежина За да бидете сигурни дека килограмите кои тукушто сте ги изгубиле после целиот циклус – повеќе нема да се вратат, би било најдобро еднаш седмично да ја држите оваа мини-диета: За појадок: испијте 200 мл сок од лимон или цитрон, секако без шеќер ниту вештачки засладувач. Ручек: се состои од 1 парче двопек или некое печиво од интегрално брашно и 1 свежо јаболко. Вечера: лесна (1 тврдо варено јајце, 1 свеж домат и 1 двопек или 4 несолени крекери). Ако успешно дојдовте до крајот на диетата, внесот на калориите треба постепено да го зголемувате до оптималното ниво. Исхраната нормализирајте ја полека, без претерувања и прејадувања, за да го избегнете т.н. калориски шок и нагло дебелеење. ВМА диетата за слабеење е најдобриот избор доколку сакате брзо и ефиласно да се ослободите од целулитот. Можат сите да ја применуваат, а особено дијабетичари, лица кои имаат проблем со штитната жлезда и оние кои имаат срцеви тегоби. За релативно краток временски период ќе се ослободите од вишокот килограми и своето тело ќе го доведете до саканата цел. Што е најважно, благодарение на успешните резултати, ВМА диетата за слабеење не мора да се повторува најмалку една година после нејзината примена.

Commenti


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page