top of page

Богат вкус, интересен изглед: Направете пита со пилешко и пармезан

  • rubinirubin
  • Jan 13, 2020
  • 2 min read



За посебни пригоди подгответе ја оваа пита со богат вкус и многу интересен изглед… Потребно е: за тестото: 150 мл млеко, 150 мл вода, 400 г брашно, 3-4 лажици зејтин, сол за филот: 500 г пилешко бело месо, 1 главица кромид, 80 г свинско месо, 1/2 лажиче сечкан магдонос, 1/2 лажиче сечкан босилек, 1 чешне лук 2 јајца, 40 г рендан пармезан, 150 мл кисела павлака, 1/2 чашичка за ракија коњак, 1 лажиче сенф, 2 лажици масло, сол, 1 жолчка Подготовка: – Во еден сад ставете ги млекото, водата, сол, зејтин и на крај брашното и замесете тесто. Завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути. – На малку масло пропржете ги ситно сечканите кромид и лук, додадете 2 лажици вода и динстајте додека да испари течноста. – Зголемете ја температурата, додадете ги пилешкото и свинското месо исечкани на коцки и пржете 3-4 минути. Посолете и полејте со коњак. Кога ќе испари течноста, додадете ја киселата павлака. По 5 минути додадете ги сечканите босилек и магдонос. Оставете ја смесата да се излади. – Во изладената смеса измешајте ги јајцата и пармезанот. – Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на два дела, едниот дел 1/3 од тестото, а другиот 2/3. – Поголемиот дел развлечете го во форма на круг и со дебелина 3-4 мм. Префрлете го во намастена тава. Избоцкајте го тестото со виљушка на повеќе места, премачкајте го со сенф и сипете го филот. – Помалиот дел од тестото исто развлечете го како на сликата. Внимателно ставете го над филот, со долното тесто направете витка по краевите. – Одозгора премачкајте го со разматена жолчка и ставете да се пече во загреана рерна на 180 – 200 Целзиусови степени околу 45 минути.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page