БЕЛА ПЛАЗМА ТОРТА (РЕЦЕПТ)
- rubinirubin
- Dec 26, 2021
- 1 min read

Тортата се прави многу брзо и лесно, а вкусот е феноменален
Потребно е:
1 пакување светли готови кори 500 гр маргарин 250 гр шеќер во прав 700 гр кисела павлака 400 мл млеко 300 гр мелени бисквити 500 гр шлаг 200 гр бело чоколадо
Подготовка:
Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, па додадете ги бисквитите и павлаката, па измешајте со миксер. Стопете го белото чоколадо на пареа и оставете го малку да се излади. За тоа време, изматете го шлагот со кисела вода. Во изматениот крем додадете го изладеното чоколадо и измешајте.
Потоа ставете ја првата кора и натопете ја со млеко, па премачкахте со филот со плазма (половина од филот, половина за втората кора) и распределете ја убаво, па врз неа ставете го белиот фил со шлаг и убаво размачкајте го.
Потоа втората кора и млеко, па повторно фил со плазма, па фил со шлаг. Потоа ставете ја третата кора (не мора да се потопува во млеко) и шлаг по целата торта и декорација по желба.




Comments