БЕЗ ПЕЧЕЊЕ ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ: Едноставна и вкусна торта со вкус на кафе
- rubinirubin
- Nov 14, 2022
- 1 min read

Оваа кремаста торта може да биде вистинскиот избор за вас доколку ве мрзи или немате време да подготвите комплицирана торта или друг десерт долго време.
СОСТОЈКИ:
200 гр бисквити500 мл слатка павлака200 мл кафе150 гр неутрално сирење2 лажици шеќер1 лажица екстракт од ванила2 лажици какао прав
Подготовка:
Во садот истурете ја слатката павлака и додадете ги шеќерот и екстрактот од ванила, па сè измешајте додека не се згусне. Додадете крем сирење во смесата и изматете сѐ уште малку да се соедини. Наредете ги бисквитите натопени во кафе во калап со дијаметар од 20 см обложен со хартија за печење. премачкајте со половина бел фил, па повторно ставете ред бисквити, па ред фил. Оставете во фрижидер да се стегне околу 2 часа. Пред сервирање, по желба одозгора посипете со какао.
Comments