top of page

Баба Анѓа има 108 години, живеела во пет држави, а ниту еднаш не излегла од нејзиното село

  • Mar 13, 2020
  • 1 min read


Најстарата Хрватка Анѓа Периќ од Котленица кај Дугопоље го прослави 108 роденден. Баба Анѓа вели дека заслуга за нејзината долговечност е тешката работа на нива, трпението и добра невеста.

Родена е во 1910 година. Живеела во пет држави, доживеала три војни, а никогаш не отпатувала од нејзината Котленица.

Има три деца, четири внуци и исто толку правнуци. Време за одмор, вели, никогаш немало. Цел живот тешко работела в поле.


Нејзиниот син Владо открива:

-Многу работела. Јадела домашна храна. Најмногу сака месо и вино. Никогаш немој да носиш ручек без месо, а шише вино е шише вода, открива нејзиниот син.

Баба Анѓа одлично ја служело здравјето:

-Еднаш имаше запаление на белите дробови и тогаш прв пат испи апче. За друго не знаеме. Постара е од Хајдук, а Хајдук живее вечно, велат нејзините внуки Гордана и Дијана.

Заедно со фамилијата, велат, се е полесно.

-Тајната на животот е тоа што денес го имаме толку малку, а тоа е радувањето на луѓето и на семејството, велат внуките на баба Анѓа.

 
 
 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page