top of page

Американците традиционално ја прават, оваа пита освојува со вкусот

  • rubinirubin
  • Jul 4, 2022
  • 1 min read

По потекло од Америка, пеканот е сушено овошје многу слично на традиционалните ореви, но со малку потемна боја и помеко, послатко по вкус. Токму тие ја сочинуваат клучната состојка на фината торта која традиционално се приготвува во САД во посебни прилики, како што се Божиќ и Денот на благодарноста.

Состојки за тесто:

100 гр путер 50 гр шеќер во прав 165 гр брашно 30 гр изматено јајце

Состојки за филот:

75 гр пекан (за полнење) Неколку цели пекани (за покривање на врвот) 2 јајца 50 мл јаворов сируп 15 гр стопен путер 75 гр кафеав шеќер

Постапка за тесто:

Измешајте путер со шеќер. Потоа додадете го јајцето и на крајот брашното. Само добро измешајте, без матење или мешање.

Тестото оставете го да отстои во фрижидер, па развлечете го на дебелина од 2-3 мм и со него обложете го калапот за колачи.

Постапка за полнење:

Пеканите исечкајте ги и измешајте ги со останатите состојки: јајцата, сирупот, путерот и шеќерот.

Печење на колачот:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Врз основата на колачот намачкајте ја смесата за фил. Одозгора наредете цели ореви. Се пече во загреана рерна 20-30 минути.

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page