top of page

Ако се сеќавате на оваа приказна, тогаш сигурно сте имале среќно детство



Во денешно време, приказните и бајките кои им се сервираат на нашите деца, имаат интересна приказна, но се далеку од оние од “наше време“. Тогаш приказните беа поедноставни, но многу поучни. Една од нив, сигурно е оваа која ви ја пренесуваме во продолжение. „Посадил дедото репа. Репата пораснала голема и преголема. Почнал дедото да ја корнe репата од земја: повлечи, потегни, не може да ја искорнe. Ја повикал дедото на помош и бабата. Бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Ја повикала бабата на помош и внуката. Внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Внуката го повикала на помош и зајко. Зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Го повикал зајко, на помош и мачорот. Мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат. Го повикал мачорот на помош и глушецот. Глушецот за мачорот, мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, ја искорнале репата“. Од приказната има повеќе верзии, со различни животни. Но, поуката е една: Заедно, сплотени можеме многу повеќе! За децата кои растеа со вакви приказни, во време без интернет, се тврди дека имале многу посреќно детство.

 

Comments


ezgif-2-3a656ba057.gif
Balkan.jpg
ezgif-1-99242feb4d.gif
  • Black Facebook Icon

© 2019 - 2024 Солени и благи десерти

bottom of page