Ако сакате прженици, ќе ги обожавате овие поховани ролни – прсти да излижете!
- rubinirubin
- Mar 16, 2022
- 1 min read

За сите љубители на тост, ви носиме нешто уште подобро од тоа! Пржени ролни слатки и солени, по нешто за секого.
Состојки:
10 парчиња тост леб 3 лажици стопен путер 3 лажици кафеав шеќер 2 лажици цимет 3 јајца 1 лажица млеко ½ лажички цимет ½ лажички екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Расукајте го секое парче леб со сукало. Во сад измешајте стопен путер, кафеав шеќер и 2 лажици цимет. Се шири на секое парче леб и се сролува.
Во сад измешајте јајца, млеко, ½ лажички цимет и ванила. Потопете го секој ролат во смесата со јајца и пржете во тава со путер додека не заруменат сите страни.
Comments