
Доколку имате земја и сами ги одгледувате јагодите може да се каже дека вие сте вистински среќници, бидејќи во текот на целото лето ќе имате прилика да уживате во овие домашни плодови.
Меѓутоа луѓето кои живеат во град ретко имаат друг избор освен да ги купат од тезга или продавница јагодите, а доколку сакате да купите идеални јагоди мора да обрнете внимание на овие работи.
Првата работа на што треба да се фокусирате е мирисот на јагодите.
Слатките јагоди имаат многу јак и интензивен мирис. Исто така избегнувајте јагоди кои се сјајни и кои се премногу тврди, бидејќи тие во себе содржат пестициди кои им овозможуваат да изгледаат свежи долг временски период.
Уште една работа кога се јагодите во прашање е тоа што домашните јагоди имаат исти вкус насекаде, бидејќи сонцето ги пече подеднакво насекаде.
Најслатките јагоди имаат иста боја и внатре и однадвор, а нивните семки се бројни и многу ситни, па така во текот на купувањето на јагодите одберете не многу суви и не многу меки.
Comments